Со помош на оваа најиновативна опрема, заедно со стручноста и експертизата на здравствените работници, Клиниката за урологија го обезбедува третманот со најдобри резултати на пациентите кои имаат потреба од лекување тука.
Станува збор за CR рендген, лапараскопски стол и ласер Тулиум, кои се всушност последниот крик во медицината во областа на хирургијата, а веќе составен дел од операционите сали на Клиниката за урологија, информираат од Министерството.
Министерот за здравство Венко Филипче ги посети неговите колеги на Клиниката за урологија и на тимот предводен од д-р Сашо Дохчев му посака уште многу успешни операции.
– Нашата грижа за пациентите продолжува. Пациентите заслужуваат здравствен систем по европски терк и наша цел е во целост да го спроведеме тоа, истакна министерот Филипче на неформалната средба.