На ова заседание, началниците на генералштабови на армиите на 30-те земји членки ќе дискутираат за стратегиски прашања поврзани со операциите, мисиите и активностите на НАТО, имплементацијата на воено-одбранбените концепти и иницијативата „НАТО 2030“, како и за идните предизвици на Алијансата.
На сесиите со кои раководи претседавачот на ВК, Адмирал Роб Бауер, ќе присуствуваат и врховните команданти на сојузничките сили во Европа и на сојузничките сили за трансформација, генералите Тод Вотерс и Андре Ланата.
Началникот на Генералштабот за време на престојот во Атина во текот на вчерашниот ден оствари средба со амбасадорката на Република Северна Македонија во Грција Лидија Бошковска.
-Армијата на Република Македонија со спроведување на активностите во сите области кои се во надлежност на Армијата, интензивно работи на достигнување на дадените цели за целосна интеграција со НАТО во предвидениот рок. Воедно со постојано учество на големите меѓународни вежби и мировните операции на НАТО значајно придонесува во сите НАТО активности за што е препознаена како респектабилен сојузник, истакнуваат од канцеларијата за односи со јавност на ГШ на Армијата.
Воениот комитет на ниво на началници на генералштабови одржува два редовни состаноци во текот на годината, а еднаш годишно се среќаваат во една од сојузничките земји-членки.