Над 10.000 Украинци влегоа во Франција од почетокот на руската инвазија, изјави денеска францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен за францускиот медиум РТЛ.
Министерот појасни дека украински државјани може да влезат во Франција без виза.
Голем дел од оние кои влегле во државата, продолжиле кон Шпанија.
– Сигурно десетици илјади Украинци ќе пристигнат во земјата во наредните денови или недели, истакна Дарманен.
По барање на францускиот претседател Емануел Макрон, земјата се подготвува и за можни руски кибер напади за време на претседателските избори, закажани за април, нагласи Дарманен.