Во соопштението се наведува дека 21 лице е спасено од вкупно 60, за кои се верува дека биле во бродот што утрово околу 4:30 часот се преврте во близина на брегот на државата Џохор на југот на Малезија, поради лошото време.

Преживеаните од бродоломот и бродот се пронајдени на плажата во Танјунг Балау, а Малезиската поморска агенција потврди дека се започнати операции за спасување и потрага по исчезнатите.