На територија на Град Скопје вчера изречени се вкупно 207 сообраќајни мерки, меѓу кои за недавање предност на пешаци 104 санкции, соопштија денеска од МВР.
За возење повеќе од дозволената брзина изречени се шест санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, а 17 санкции за технички неисправни возила.
Изречени се и две мерки за возач почетник, осум санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, како и 14 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.