Русија бележи голем број смртни случаи од коронавирус веќе една недела, 697 во саботата и 663 денеска.

Во Москва, каде е главното жариште на епидемијата, во последните 24 часа починаа 111 лице, а заразени се 7.624 лица.

Во четвртокот во руската престолнина и другите области започна кампања за ревакцинација за оние кои примија две дози вакцина против коронавирусот пред повеќе од шест месеци. Властите нудат трета доза на вакцина поради појава на нови видови на вирусот.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна повторно го повика населението да се вакцинира и додаде дека треба да ги слушаат упатствата на експертите, а не гласините за коронавирусот.