Над 50 лица се поврдени во денешните немири во Звечан, изјави доктор Златан Елек, директор на болница во Косовска Митровица.

За „Новости“ тој кажа дека повеќе од 50 граѓани дошле во оваа здравствена установа со повреди од шок бомби, гумени куршуми и боева муниција, откако Србите собрани во Звечан, како што вели биле нападнати од КФОР и косовската полиција. Едно лице е во животна опасност.

Србите протестираа за да ги спречат градоначалниците Албанци да ја преземат дожноста во градовите со мнозинско српско население. Состојбата ескалираше кога група демонстранти се обиде да влезе во просториите на градската управа, а полицијата фрли шок бомби и солзавец.