-Тој рече дека денот е особено тежок поради силниот ветер, што ги попречува напорите во гаснењето на пожарот, пренесе Ана-МПА.

Хардалиас рече дека министерот за цивилна заштита, Михалис Хрисохоидис, со хеликоптер за гаснење на пожар летал над Стирија во Евија.

Според Хардалиас, пожарите во Варнавас сега се расфрлани џебови на пламен, а на таа локација има силни противпожарни сили, вклучително и шест хеликоптери и седум авиони, од кои едниот е руски Бериев-200.

Противпожарната единица спречи пожарот во Елефсина да стигне до индустриските постројки, додека пожарот во Волос беше изгаснат за еден час.

Шумскиот пожар во Стирија сè уште гори, но тој не претставува закана за куќите или инфраструктурата, рече Хардалиас.