Во моментов пак, според МОН, има околу 0,3 проценти проценти заразени ученици, или, активни случаи, како што се евидентираат.
Ако се земе предвид дека бројот на ученици во основните и средните училишта е 259.235 ученици, излегува дека има околу 778 активни случаи на деца и млади, кои посетувале настава со физичко присуство, пишува Нова Македонија.
Од градинките пак, според МТСП, има заразени 39 деца и 47 вработени. Нагласуваме дека ова е моментална состојба. Најмногу заразени се од скопските општини.