Вкупниот број на туристи и домашни и странски во април изнесувал 19.064, од кои 52,3 отсто се домашни туристи, а 47,7 отсто се странски туристи, а за перодот јануари-април годинава 97.735 и бележи намалување од 19,4 отсто во однос на тој период лани. Кај домашните туристи има зголемување за 23,3 отсто, а кај странските има намалување за 44,3 отсто.

Бројот на ноќевањата во април 2021 година изнесува 42.117, од кои 51,9 отсто се од домашните туристи, а 48,1 отсто од странските туристи.

Во периодот јануари-април 2021 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е намален за 12,8 отсто, и тоа кај домашните туристи има зголемување за 12,4 отсто, а кај странските има намалување за 32 отсто.