Над 9,4 милиони евра субвенции за лозови насади денеска им се исплатени на 13.854 лозари, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски преку својот фејсбук профил.
-Како што ветивме, субвенциите ги исплаќаме пред почетокот на новата производствена сезона, истакнува Николовски.
Овие пари, додава, директно се враќаат кај лозарите.
-Овие пари директно се враќаат кај лозарите, за да ги вложат во новото поизводство, за да произведат квалитетно грозје за производство на нашето познато македонско вино, подвлекува министерот.
Претходно Николовски најави и поголеми субвенции за сточарите и пчеларите.