Повеќе од 90 отсто од анкетираните студенти, во нашата земја, кажале дека воопшто не знаат како се пријавува корупција, ниту дали постои надлежна установа или орган на факултетите. Но, исто така, студентите рекле дека не пријавуваат корупција затоа што се плашат од последиците кои може да ги имаат доколку тоа го направат
Истражувањето е спроведено во Македонија, србија и албанија преку користење техника лице в лице, во мај 2023 година, на примерок од 300 студенти во секоја земја.
Според прелиминарните резултати 20 отсто од анкетираните македонски студентите сметаат дека корупцијата е многу или екстремно присутна на факултетите, а над 90 отсто од нив не знаат како треба да реагираат и каде да пријават коруптивно однесување во образовната институција.
„Имаме над 90 отсто студенти кои не знаат како треба да реагираат и тоа е проблем. Студентите се тие што треба да пријават евентуално коруптивно поведение на факултетите и мора да бидат многу подобро информирани. Секој студент кога почнува учебната година треба точно да знае каде и како пријавува итн. Да речеме, интересен податок е што студентите во Македонија најмногу одговараат дека онлајн-формулар е најдобра форма за да пријават корупција. Тоа значи дека сакаат да им обезбеди максимална заштита потенцијалното пријавување“, додаде Докмановиќ.
Докмановиќ вели дека параметрите до кои е дојдено се разликуваат меѓу трите земји во кои е спроведена анкетата. Тој вели дека во Албанија постои многу подобра информираност за пријавување на корупцијата, а во Србија има помала перцепција, на пример, во делот на барањето мито од страна на професорите или обврската да им се купи книга.
„Една од трите главни коруптивни практики е и тоа што студентите во Македонија наведуваат дека професорите ги обврзуваат да купат книга за подобра оценка или подобар резултат“,
Друг податок што произлегува од анкетата е дека на еден од десет студенти во земјава, опфатени во анкета, професор му побарал мито, а шест отсто понудиле мито за повисока оценка.
„Тоа се податоци кои нѐ загрижуваат. Изненадувачки е што првпат оваа анкета покажува дека има висок степен на перцепција за коруптивни практики од самите студенти, дури 20 отсто, на пример, наведуваат дека студентите мамат на испити или дека студентите ангажираат други лица да им пишуваат тези или семинарски работи. Тоа се две од трите најглавни коруптивни практики коишто ги утврди истражувањето“,
вели проф. д-р Мишо Докмановиќ, менаџер во проектот за нашата земја.
Дури 9% од испитаниците се изјасниле дека од нив било побарано мито од страна на професори… Пријавите за корупција се многу ретки – само 3% од анкетираните студенти експлицитно кажале дека на некој начин реагирале.