На ден 04.03.2023 година (сабота), пазарниот инспекторат изврши над 250 надзори и контроли на територија на цела Македонија. Она што е утврдено од надзорите и контролите е дека поголем број од трговците ги почитуваат Одлуките на Владата. Леб се продава од 28 до 33 денари, зависно од грамажата и градот во кој се вршени надзорите и контролите, a трговците на големо и мало со прехранбени производи, генерално ја почитуваат обврската да го произведуваат и да го ставаат во промет лебот опфатен со Одлуката на Владата, во количина од најмалку 80% од производството на овој леб во месец декември 2022 година.
Онаму кадешто се констатирани прекршувања издадени се вкупно 6 прекршочни платни налози и тоа во висина од над 960.000 денари.
Државниот пазарен инспекторат и понатаму интензивно ќе спроведува контроли и надзори по Одлуките на Владата. Нема да има отстапувања и ќе биде казнет секој оној кој пробал на било каков начин да изврши прекршување на овие Одлуки.
Апелираме трговците да ја адаптираат цената и доставата на лебот во согласност со Одлуките, бидејќи во спротивно ќе се соочат со казни кои се многу високи, и изнесуваат од 800 до 10.000 евра, во зависност од големината на економскиот субјект, а во надлежност со Законот за трговија.