Единаесет региони во Бугарија се најголеми „донатори” на труд за странски земји, главно од Европската унија, се наведува во студијата на Извршната агенција „Главна трудова инспекција” (ГИТ), јави БТА.

Над пет отсто од населението на Видин, Враца, Габрово, Крџали, Ќустендил, Ловеч, Разград, Сливен, Смолјан, Тарговиште, Хасково во последните 10 години заминале во странство. Преферирани земји за вработување во последните пет години се главно земјите од ЕУ. Лидери се Германија, Шпанија, Италија, Холандија, Грција, Белгија, Австрија, Франција и Чешка.

Подобрата плата е главната причина зошто Бугарите бараат работа во странство.

Истражувањето покажува дека близу 96 отсто од нив заминале поради повисоки плати. Податоците покажуваат и дека оваа мотивација не зависи од образованието, материјалната состојба и местото на живеење.

Мажи има повеќе, но уделот на жените постојано се зголемува во последните години, покажуваат податоците од ГИТ.