Шпанскиот тенисер Рафаел Надал даде свое видување за поразот во четвртото коло на УС Опен од Френсис Тиафо (4:6, 6:4, 4:6, 3:6).

– Одиграв лош натпревар, а но тој одигра многу добро. Мора да си брз и многу млад, но не можам повеќе да го задржам тоа темпо. Нема да барам изговори. Отидов во четвртото коло и се соочив со играч кој беше подобар од мене. Важно е да се препознаат сите добри работи што ги прави и направи противникот. Дали повредите ми пречеа? Сега можеме да жалиме и да се жалиме за нешто, но тоа нема да ја промени ситуацијата. Ова е дел од мојата кариера, изјави Надал.

Мечот се одигра ноќеска и траеше 3 часа и 32 минути.

Триесет и шестгодишниот Шпанец имаше девет аса, исто толку двојни сервис грешки, и две брејк топки од шест можности.

Дваесет и четиригодишниот Американец сервираше 18 асови и четири двојни грешки, а искористи пет од осум брејк топки.

Тиафо во четвртфиналето ќе се соочи со Русинот Андреј Рубљов.