Шпанскиот тенисер Рафаел Надал рече дека денешниот пораз кој го претрпе на Јунјатед купот од Британецот Камерун Нори „не е катастрофален“ и истакна дека може и мора да игра подобро.
„Ова воопшто не е катастрофално. Можам и морам подобро. Морам да работам физички за да бидам побрз, посилен, да правам помалку грешки и да се подобрам при донесувањето одлуки на теренот. Можам да напредувам, до почетокот на Австралија опен има уште две недели“, рече Надал.
Шпанскиот тенисер ја почна новата сезона со пораз, откако денеска по два часа и 45 минути игра загуби од Нори на Јунјатед купот во Австралија со 3-6, 6-3, 6-4.
Во претходните дуели Нори немаше освоено ниту сет против Надал.