Надлежните си ја префрлаат топката за одговорноста и решавањето на проблемите со мостот кај ист гејт кој по хаваријата со пожарот е затворен за сообраќај и за пешаци. Првиот човек на Центарот за управување со кризи кој денеска се појави во јавноста за да смирува дека немало опасност од поплави, упати на Град Скопје кој вели дека бил надлежен за мостот. Од градот и денеска не можеше да се добие став околу ова. Генералниот секретар Глигоров кој денеска се појави на настан не сакаше да дава изјава и повика на трпение најавувајќи прес конференција во Град Скопје деновиве, не само за ова туку и за останатите други отворени прашања.
Надлежните си ја префрлаат одговорноста за проблемот со мостот кај „Ист гејт“
Н
Скопје
15.05.2023. 19:00