СВР Струмица преку ОВР Радовиш поднесе кривични пријави за случај на бесправно градење на станбен објект во Радовиш. Во постапката се опфатени правно лице, одговорно лице и надзорен инженер, откако полицијата утврдила дека градбата се одвивала без одобрение, а надзорот сепак бил наплатен.

Пријавите се поднесени против правно лице од Радовиш и против Ж.А. (64) од Радовиш поради сомнение за кривично дело бесправно градење. Дополнително, кривична пријава е поднесена и против Љ.Е. (55) од Радовиш поради сомнение за бесправно градење и за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според полициските наоди, правното лице и одговорното лице во текот на 2024 година започнале изградба на станбена зграда за домување на катастарска парцела без соодветно одобрение за градење.

Како што соопшти полицијата, надзорниот инженер бил свесен дека градбата е незаконска, но сепак ја наплатил услугата. Со тоа, се стекнал со противправна имотна корист од околу 2.215 евра.

 

Надзорен инженер