Полицијата во Албанија нуди награда од 100.000 евра за информации што ќе и помогнат да се идентификуваат сторителите на нападот на телевизијата „Топ чанел“ во Тирана. При нападот беше убиен еден вработен во телевизијата.

Ноќта меѓу неделата и понеделникот засега непознати напаѓачи пукале со автоматско оружје кон зградата на телевизијата при што загина чуварот на објектот. Возилото на сторителите е снимено од безбедносните камери.

По нападот, според информациите, напаѓачите се упатиле кон Драч, а возилото подоцна било пронајдено запалено.

Во автомобилот биле пронајдени две автоматски пушки.