За денеска во 12 часот е најавен протестен собир пред Основен суд Тетово за модуларната болница во која животите ги загубија 14 луѓе при пожар на 8 септември 2021. Повикот за протест по социјалните мрежи се споделува од граѓани и невладини организации.
Протестот следува по емитување на документарен филм во неделата, изработен од медиумската организација Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) насловен „Убиство во Тетово“ а посветен на оваа несреќа во која животите ги загубија 14 луѓе.