Приватните автобуски превозници сè уште протестираат со блокада на булеварот „Илинден“ околу Градот Скопје. Откако не беше одговорено на нивното барања за средба со градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска, тие чекаат да бидат примени од Владата.
Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ изјави дека се надева на средба со премиерот Димитар Ковачевски, на која ќе зборуваат за актуелната состојба. А ако не се оствари средбата, можно е и да се радикализираат протестите.
-Не знаеме кога ќе бидеме повикани. Тоа е на нив, во зависност од обврските на премиерот. Не сакам ни да помислам на тоа што доколку не не повикаат. Најверојатно ќе има радикализација на протестите, но сепак треба да се состане координативното тело претходно на приватните превозници и да ги договориме понатамошните чекори, посочи Муриќ.
Муриќ дека блокадите се повлечени од крстосниците „Мавровка“ и „Црвен крст“ се со цел да се намали хаосот во сообраќајот.