Професорката Мирјана Најчевска, денес на својот фејсбук профил, ја критикуваше власта за обидот да ги покрие своите криминални скандали и афери со дефокусирање и обвинување.
Најчевска напиша дека митинзите, штрајковите и сите протести против претходната владејачка гарнитура во која беа во коалиција ВМРО-ДПМНЕ со ДУИ, се џабе, оти и сегашната владејачка коалиција СДСМ-ДУИ кои веќе шест години се на власт не постигна ништо подобро.
– Ова си играат мајтап со нас?
Па зошто акавме по улици?
Зошто се деревме по митинзи?
Зошто баравме д бидат симнати од власт?
За вие после 6 години на власт да не просветлите?
Ма сиктер бре багро криминална само дигате прашина за да го покриете сопствениот задник – напиша Најчевска на Фејсбук.