Професорката Мирјана Најчевска го искоментира вчерашниот протест на кој здруженија побара да се отворат шелтри и да се реши проблемот со кучињата скитници. Ова уследи откако претходно во Струга, лице со огнено оружје уби повеќе кучиња скитници.
„Анима мунди ги тероризираат сите луѓе кои се плашат од кучиња. Која е таа омраза кон луѓето која ги тера да малтретираат голем број луѓе и да го загрозуваат животот на уште поголем број. Секој има право да чува куче. Никој нема право да ги тера луѓето да имаат куче“, вели Најчевска.
Билтените на полицијата со месеци и години се полни со случаи каде луѓе пријавувале дека ги каснало куче скитник. Пред извесно време имаше снимки каде тетовец едвај се спаси од кучиња скитници, а слична случка имаше и во Струмица, каде повозрасен човек замавнуваше со велосипедот и така се бранеше да не го повредат кучиња.