Професорката Мирјана Најчевска, поранешна претседателка на македонскиот Хелсиншки комитет за човекови права, рече дека за Груби и Османи не важат закони и прашува чии министри се тие, во објава на својот фејсбук профил, пренесува Макфакс,
,,Истакнувањето знаме на партија во канцеларија на државен функционер е забрането со повеќе закони. Користењето службени автомобили за партиски цели е забрането со повеќе закони. Не и за Артан Груби и Бујар Османи.
Тие не одговараат пред премиерот, ниту пред судовите и за нив не важат законите. Чии министри се ова? На граѓаните на Македонија? Според она што го гледаме – не.”, напиша Најческа на својот фејсбук профил.