Во Европската унија во овој поглед се издвојува Холандија, каде сега 64,6 отсто од вработените работат на далечина, додека во 2020 година имало 42,7 отсто.
Не само што таа членка на ЕУ има ваква организирана „работна средина“, туку има уште девет кои вредат да се истакнат. Луксембург има 54,4 отсто учество кога станува збор за работа на далечина меѓу сите вработени во земјата. Во 2020 година тие беа 47,8 проценти.
Шведска беше со 42,8 отсто пред две години, а во 2022 година со 51,8 отсто, додека Ирска од 32,6 отсто минатата година се намали на 51,5 отсто. Белгија е уште еден претставник на земјите од Бенелукс со изразен удел на работа на далечина: во 2022 година беше 48,4 проценти, а во 2020 година беше 33,9 проценти.
Финците се исто така блиску до врвот со 48 отсто минатата година, што е благ пораст од 40,4 отсто во 2020 година. Данците беа со 36,9 отсто, а минатата година со 42,6 отсто; Французите беа на 29,8 отсто, а лани на 40,9 отсто. На деветтото и десеттото место се Малта и Австрија, кои пред две години беа на 26 и 29,8 отсто, но достигнаа 40,4 и 33,6 отсто.
Прогнозата е дека до крајот на оваа година 73,5 отсто од вработените во Холандија ќе работат на далечина, 61,6 отсто во Ирска и 60,6 отсто во Луксембург.
Треба да се има предвид дека овие бројки се однесуваат и на хибридниот модел на работа, што значи дека вработените не се надвор од канцеларија сите пет дена во неделата, но тоа е предмет на договор. Најчестиот модел е работа три дена на далечина и два дена во канцеларија. Се добива впечаток дека многу актуелни и нови компании во иднина ќе се водат по ова.