Во рамки на одбележувањето на 35 години независност на Македонија, на 15 август во Градскиот парк во Струмица ќе се одржи голем музички концерт на кој ќе настапат култните македонски музички состави „Меморија“, „Мизар“ и „Синтезис“.
Настанот е во организација на „Авалон“ и е најавен како музичка вечер посветена на најдоброто од македонската музичка сцена.
