Оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“ ќе настапи во престижни концертни сали во Њујорк, откако освои прво место со почесни заслуги на меѓународен натпревар во американската метропола.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари средба со младите музичари, кои ги оцени како гордост за скопјани и вистински амбасадори на Македонија, македонската музика, култура и традиција.

Оркестарот за кратко време забележал значајни успеси

Оркестарот бил формиран во 2024 година, но за краток период успеал да освои повеќе значајни домашни и меѓународни признанија.

Неговите членови одржале и бројни хуманитарни концерти, а освоиле и први награди во категоријата најдобар средношколски оркестар во Македонија.

Прво место со македонска народна музика

На Меѓународниот натпревар во Њујорк, оркестарот го освоил првото место со почесни заслуги – „First Prize with Honors“.

Младите музичари се претставиле со репертоар целосно заснован на македонската народна музика, со што ја промовирале домашната музичка и културна традиција на меѓународна сцена.

Концертни настапи на 5 и 6 септември

Како резултат на освоеното признание, оркестарот добил официјална покана за концертни настапи во престижни сали во Њујорк на 5 и 6 септември годинава.

Ѓорѓиевски порача дека Град Скопје ќе им обезбеди силна поддршка на младите музичари во остварувањето на нивниот сон, нагласувајќи дека нивниот настап ќе биде гордост за Скопје и за цела Македонија.