Најнапред сакам му посакам добредојде во Демир Хисар на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, да му се заблагодарам за посетата и да ви се заблагодарам и на вас почитувани медиуми што покажавте интерес и ни дадовте можност пред поширока аудотрија да ги презентираме проектите кои што локалната самоуправа ги работи во последниве неколку месеци. Ќе започнеме од местото каде што се наоѓаме во моментот, на улицата „1-ви Мај“ каде што се изградени тротоари од двете страни на улицата во должина од 2 километри, а непосредно од местото каде што се наоѓаме беше извршена комплетна реконструкција и на улицата „11 Октомври“. Проектот е во висина од 6 милиони денари, средствата се обезбедени од Пелагониски-плански регион и кофинансирани 10% од локалната самоуправа на општина Демир Хисар, истакна Никола Најдовски, градоначалник на општина Демир Хисар.

-Покрај овие зафати во Демир Хисар се изврши промена на осветлувањето на главните улици, една од нив е и улицата „1-ви Мај“, но поставени нови лед светилки се и на улицата „Битолска“, улицата „Гоце Делчев“ и дел од улицата „Маршал Тито“ како и на регионалниот пат кој што поминува низ Сопотница.

Работиме или при крај се градежните активности за реконструкција на плоштадот во близина на Домот на културата во Демир Хисар, а се уредува и паркинг просторот на улица „Маршал Тито“.

Јас ќе споменам и дека минатата недела се завршени проектите за асфалтирање на улици во село Света, средства обезбедени од Бирото за регионален развој, а после промената на водоводната мрежа во Слепче во должина од 600 метри пристапивме кон асфалтирање и рехабилитирање на улиците кои што беа опфатени со самиот зафат во висина од 3,5 милиони денари, обезбедени од буџетот на општина Демир Хисар.

Сакам да споменам што ни е во план да работиме и во втората половина од 2023 година. Ќе кажам дека ќе следи реконструкција на крак од улицата „11 Октомври“ од мостот на Стара Река до Соборниот храм „Свети Никола“ во Демир Хисар. После поставувањето на нова фекална канализација, барање на жителите на населбата Мургашево и на самиот храм кој што е веќе неколку години, мислам дека треба да се најави и еден поголем инфраструктурен зафат во населените места Кутретино и Суводол, исто со сопствени средства, со средства од буџетот на општина Демир Хисар планираме да изградиме и асфалтираме 9 улици во населените места Кутретино и Суводол.

Во тек е јавна набавка за набавка на 5 детски игралишта, фитнес парк на отворено.

Сакам да резимирам, да не должам мноу јас сум презадоволен од она што оваа година го имаме постигнато како локална самоуправа, се надевам дека и наредната ќе биде таква, посебно што сите очекуваме многу поголема поддршка од новата влада предводена од претседателот. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, па се надеваме дека ќе бидеме приоритет особено ние помалите општини на новата влада и ќе работиме сите заедно за подобрување на животот на граѓаните во општина Демир Хисар, додава Најдовски.