Референдумот не достигна потребен кворум за промена на името
На 30 септември 2018 година се одржа референдум за промена на уставното име на Република Македонија во „Северна Македонија“, со прашање дали граѓаните се за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на договорот со Грција.
Од вкупно 1.806.336 граѓани запишани во Избирачкиот список, на референдумот излегоа 666.743, што претставува 36,91% од гласачкото тело. Од нив, 609.813 гласаа „за“, 37.700 гласаа „против“, а 19.230 ливчиња беа прогласени за неважечки. Резултатите укажуваат на тоа дека референдумот не беше успешен бидејќи не беше постигнат неопходниот минимум од над половина запишани гласачи.
Во јавноста се појавија сомнежи за најголемата гласачка измама во историјата, вклучително и гинисови рекорди за излезност над 90% на одредени гласачки места, како и јавен поткуп и закани. Владината коалиција предводена тогаш од премиерот Зоран Заев го поддржа референдумот, додека опозицијата ВМРО-ДПМНЕ се закани дека ќе го бојкотира.
Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, соопшти дека резултатите не се усвоени бидејќи не гласале повеќе од половината запишани граѓани. Дерковски истакна дека доколку извештаите од општинските изборни комисии покажат неправилности, ќе се поведе постапка против членовите на избирачките органи, зависно од видот на евентуалната повреда.
Според последните информации, половина од тогашните поддржувачи на Заев сега се во затвор (Зекири, Мирчевски, Рашковски, Димова), додека другата половина се подготвува за подолг престој на истата локација.