Од Министерството за здравство соопштија дека по Скопје, најмногу новозаболени има во Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8. Регистрирани се 415 оздравени пациенти, а десет лица починаа.

Според извештаите од болниците кои пристигнаа до ИЈЗ, во моментов се хоспитализирани 476 лица, а од нив 248 се на кислородна поддршка и 8 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.

Досега во земјата се направени вкупно 1.390.369 тестирања на Ковид-19.

Со ова, вкупниот број Ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 203.298. Бројот на оздравени пациенти е 189.264, на починати е 7.159. Има вкупно 6.875 активни случаи.

Најголемо зголемување на новозаболени од ковид-19 за периодот од 25 до 31 октомври има во возрасната група од 20-29 години, а тоа е 11,4 отсто повеќе во однос на претходната недела, покажува статистичкиот извештај на Институтот за јавно здравје.

Во наведениот период тестирани се 20.976 материјали, со намалување од 2,3 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани се 2.804 нови позитивни случаи од 32 градови во државата со зголемување од 3,7 отсто во однос на претходната седмица. Процентот на позитивност се движи од 9,9 до 16,0 проценти, просечно 13,2 проценти.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци и Крива Паланка.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60, а најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9.

Во однос на дистрибуцијата по пол, пријавени се 1.519 (54,2 отсто) лица од женски и 1.285 (45,8 отсто) од машки пол.

Пријавен е 71 смртен случај во 20 градови во текот на изминатата недела, најголем дел од нив се од Скопје – 18.

Најмногу од починатите припаѓаат на возрасната група над 60 години, а регистрирани се починати лица и кај возрасната група од 50 до 59 години – 5, од 40 до 49 години – 5, од 30 до 39 години – 2 и од 10 до 19 години – едно лице.

Со статус оздравени се стекнале 2.205 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување.

Заклучно со 31 октомври, вакцинирани се вкупно 812.422 лица со барем една доза на вакцина против Ковид-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани, со две дози, се вкупно 778.599 лица, а со трета доза се вакцинирани 30.851 лица.

Инаку, бројот на заболени од коронавирусот се уште е висок како во соседните земји, така и во светот. Нов црн рекорд за смртни случаи се бележи во Бугарија, каде ситуацијата е критична, па таму надлежните повикуваат на помасовна интеракција и национална мобилизација.

Исто така, и во Грција се забележува нов негативен рекорд. Таму вчера беа регистрирани 6.700 случаи, што е најголема бројка од почетокот на пандемијата.

Од почетокот на пандемијата, во Грција се потврдени вкупно 754.451 случај на Ковид-19, а починаа 16.050 лица.

И статистиката во светот е загрижувачка. Согласно последниот извештај на Владата на Јапонија, бројот на самоубиства во оваа земја е зголемен првпат по 11 години и тоа е директна последица на проблемите предизвикани од пандемијата.

Руските научници, пак, објавија студија од истражување кое покажува дека луѓе со одредени гени и карактеристика на крвна слика речиси не се заразуваат со коноравирусот.

Водач на истражувањето е директорот на Институтот за епидемиологија и микробиологија Пастер во Русија, Арег Тотолијан, кој е и член на Руската академија на науките.

За време на истраѓувањето, тимот открил дека луѓето со високо ниво на интерферон-алфа, високо ниво на лимфоцити во крвта, како и носители на одредени генетски маркери, имаат зголемена заштита од коронавирусот.

Претходно, група научници предводени од Фјодор Кондрашов од Австрискиот институт за наука и технологија откриле дека новите варијанти на коронавирусот почнале да се шират по укинувањето на ограничувањата во многу земји.

Епидемиолошкиот модел развиен од нив откри дека ризикот од мутации зависи од два фактора: уделот на вакцинираната популација и вкупниот број на заразени. Научниците дошле до заклучок дека за справување со пандемијата, поголемиот дел од светската популација, најмалку 60 проценти, треба да се вакцинира