На рускиот Далечен исток во Република Јакуст, се наоѓа селото Ојмјакон во кое преку зимата температурите паѓаат и до -60°C, а во лето се качуваат над 30°C. Тоа го прави најладно населено место во светот.

Кога температурите малку ќе се издигнат жителите се неизмерно среќни, а особено децата. На училиште се оди без неколку слоеви гардероба или едноставно полесно се дише.

Најниската температура на ова место достигнала неверојатни -71,2°C. Ветер дува многу ретко, а годишно паѓаат нешто повеќе од 200 милилитри дожд.

Сепак, од друга страна, температурите преку лето може да достигнат и 20 до 30°C, а највисоката е забележана во 2010 година, кога биле измерени 34,6°C.