Ние сме „соочени со ѕид“ и „војната ќе биде долга“, изјави денеска францускиот министер за Европа и за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан, за Франс Интер.
Како што јави дописникот на МИА, Дријан истакна дека е песимист и оти најлошото е пред нас. Запрашан за нападот врз воената база Јаворив во близина на Лавов, при што загинаа најмалку 35 луѓе, тој оцени:
Никаде во Украина денес не сме безбедни од бомби. Украина е под оган од руските сили.
Одговарајќи на прашањето дали е можно да се воведе ембарго за увоз на руски гас и нафта, Дријан посочи дека „нема табу-теми“ и оти „сè е на маса“.
Министерот за надворешни работи предвидува дека оваа војна ќе има последици и врз француската економија.
Се наоѓаме во многу тешка ситуација. Мора да ги контролираме енергетските трошоци, наведе шефот на француската дипломатија, кој додаде дека руско-украинските преговори се блокирани од максималистичките барања на Русија.