Најмалку сто Израелци и најмалку 198 Палестинци загинаа во денешната офанзива на палестинското движење Хамас против Израел, кое објави војна и предизвика одмазда од израелска страна со воздушни напади и бомбардирање на Газа, покажуваат најновите податоци .

Досега најмалку 100 Израелци се убиени во нападите на Хамас, објави израелската телевизија N12 News. Најмалку 985 се ранети. Здравствените власти во Појасот Газа соопштија дека најмалку 198 лица загинале, а 1.610 се повредени во израелските воздушни напади врз Појасот Газа.

Израел соопшти дека групата поддржана од Иран му објавила војна на Израел, а војската потврди дека се бори против милитантите во неколку израелски градови и воени бази во близина на Газа.