Најмалку 12 лица загинаа во земјотресот во Еквадор, соопштија официјални лица.
Американскиот сеизмолошки институт УСГС соопшти дека земјотресот бил со јачина од 6,8 степени.

„Во овој момент имаме 12 мртви“ и едно лице повредено, објави на Твитер претседателството на Еквадор, наведувајќи дека земјотресот предизвикал и материјална штета.

Земјотресот се случи во саботата во 12.12 часот по локално време, со епицентар во општина Балао и на длабочина од 44 километри.

Најпогоден е градот Куенка.

Земјотресот ја погоди и соседната држава Перу, но нема информации за жртви или материјална штета.

Не е издадено предупредување за цунами.