Семеру вчера исфрли големи количества гас, пареа и пепел, кои ги зафатија околните села во провинцијата Источна Јава и ги принудија луѓето панично да бегаат.
Претставникот на БНПБ, Абдул Мухари соопшти дека загинале 13 лица од кои само двајца досега се идентификувани.
Повредени се 98 лица, меѓу кои и две трудници, додека вкупно 902 се евакуирани. БНПБ додаде дека најмалку 35 лица се хоспитализирани, а заменик-претседателот на областа Лумајанг рече дека 41 лице се здобиле со изгореници.