Патнички автобус излета од пат и падна во длабока клисура во северна Индија, при што загинаа 16 луѓе, меѓу кои и деца.
Според локалните власти со автобусот се превезувале околу 20 патници. Спасувачките екипи ги извлекле повредените и ги транспортирале до болница.
Се уште не е позната причината за несреќата.
Во Индија чести се смртоносните сообраќајни несреќи поради несовесно возење, лошо одржувани патишта и стари возила. Повеќе од 110.000 луѓе годишно гинат во Индија во сообраќајни несреќи.