Најмалку 176 деца загинале, а повеќе од 324 се повредени како резултат на руската агресија, објави украинскиот парламент, Врховната Рада на Украина на Твитер.

„Овие бројки не се конечни, бидејќи се работи на нивно утврдување на местата на активни напади, на привремено окупираните и ослободените територии“, велат од Парламентот.

CNN не можеле самостојно да ги потврдат овие бројки.