Голем број повредени пренесени во болници, меѓу нив и деца

Министерството за здравство на Израел соопшти дека најмалку 287 лица се повредени во текот на ноќта за време на иранските воздушни напади врз израелски цели. Нападите ја зафатија областа околу Тел Авив, вклучувајќи го и градот Бнеи Брак. Беше потврден и еден смртен случај.

Анализа на последните 24 часа од конфликтот помеѓу Израел и Иран

Според податоците, едно лице е во критична состојба, додека 14 се со умерени повреди. Меѓу нив се и две деца, кои се хоспитализирани во Детската болница во Петах Тиква.

Како што пренесува „Тајмс оф Израел“, поголемиот дел од повредените имаат полесни повреди или се во психолошки шок поради интензитетот на нападите.

Неизвесна состојба на повредените во Бнеи Брак

Сè уште не се соопштени детали за здравствената состојба на 15 лица кои биле пренесени во болница во Бнеи Брак – градот кој во текот на ноќта беше директно погоден од иранска ракета. Тоа беше еден од најтешко погодените урбани центри, и единственото потврдено место со човечка жртва од нападите.

Погледнете ги видеата.

(ВИДЕО) Тел Авив под урнатини по иранските ракетни напади – страв и шок меѓу жителите

Станува збор за една од најжестоките ноќи од почетокот на ескалацијата на конфликтот меѓу Иран и Израел, со илјадници жители кои побараа засолниште и медицинска помош.