– Терористите во петокот убија најмалку 30 цивили во транспортно возило во близина на Бандијагара во центарот на Мали. Патниците беа застрелани, а возилото било запалено, соопштија локалните власти, додавајќи дека меѓу жртвите има деца и жени.
Засега никој не презеде одговорноста за нападот.
Од 2012 година, Мали е цел на напади на џихадистички групи поврзани со Ал Каеда. Мировната мисија на ОН е во земјата од 2013 година.