Најмалку 35 мигранти загинаа или се водат како исчезнати при превртување на брод кај либискиот брег, соопшти денеска Агенцијата за миграција на Обединетите нации.
Бродската несреќа се случи во петокот во близина на градот Сабрате во западна Либија, од каде мигрантите, главно од Африка, тргнуваат на патување преку Средоземното Море за да стигнат до европските брегови.
Телата на шест мигранти се извлечени, додека најмалку 29 лица се водат како исчезнати. Не е познато што го предизвикало превртувањето на чамецот.
„Најмалку 476 мигранти загинаа долж централната медитеранска рута од 1 јануари и 11 април оваа година, соопшти Агенцијата за миграција на ОН.