Најмалку четири лица загинаа, а неколку се повредени во силна експлозија што одекна денеска во хотелот Саратога во центарот на Хавана, јави кубанската државна телевизија.

Полицијата и спасувачите се на терен и ги опколија клучните точки и згради во близина, вклучувајќи ја и историската зграда на парламентот.

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел изјави дека експлозијата не била предизвикана од бомба, а причината се истражува.