Полицискиот комесар Бала Курјас потврди дека нападот се случил во селото Бааре, во областа Машегу, јавуви Анадолија.
-Командата на државната полиција веќе ангажираше безбедносни сили во погодената област за натамошна заштита на животите и имотот во оваа заедница, рече Курјас.
Полицијата е во потрага по осомничените напаѓачи, кои наводно нападот го извршиле кога локалното население било на утринска молитва.
Очевидецот Ахмад Јау изјави дека ранетите се префрлени во болницата Контагора.
Нападот се случува на помалку од два месеци откако бандити убија 18 верници во џамија во селото Мазакука во истата област.