Русија од воздух го нападна Чернов пти што загинаа најмалку девет лица, а четворица се повредени, изјави гувернерот Вјачеслав Чаус.

Тој рече дека во воздушниот напад биле погодени две училишта и приватни домови во Чернов.

„Спасувачите работат на терен. Според податоците на Државната служба за вонредни состојби, досега загинале девет лица, а четворица се повредени“, изјави гувернерот.

Киев Индипендент објави дека во блиската област имало неколку училишта, градинки и болници.