Најмалку седум лица загинаа, а 12 се повредени во САД како последица на торнадо. Шест жртви има во округот Отога во централниот дел на американската сојузна држава Алабама, а еден загинал во државата Џорџија.

Невремето оштети домови и остави десетици илјади клиенти без струја во делови од Џорџија, Мисисипи и Алабама.

Моќното торнадо оштети меѓу 40 и 50 станбени згради. Градот Селма е особено тешко погоден од торнадото.

Националната метеоролошка служба издаде предупредување за торнадо за неколку окрузи северно од главниот град на Алабама, Монтгомери.