Едно лице загина, а четворица се ранети во пукотница во црква во Лагуна Вудс, Калифорнија, соопштија локалните властите.

„Едно лице загина, четворица се тешко повредени, а едно лице се здоби со полесни повреди во пукотница во презвитеријанска црква“, се наведува во твитер-објавата на шерифот на округот Оринџ. Се појаснува дека сите жртви се полнолетни.

Едно лице на возраст од 60 години е приведено, а пронајдено е и оружје за кое се смета дека е употребено во нападот.

Засега без информации за можниот мотив за пукотницата. Лагун Вудс е град во 16 илјади жители, лоциран во Јужна Калифорнија на одалеченост од околу сто километри од Лос Анџелес.

Американските медиуми јавуваат и за пукотница во маркет во Хјустон, во сојузната држава Тексас. Во тој напад се убиени најмалку две, а се ранети три лица.