Најмалку три лица загинаа како последица на невремето и катастрофалните поплави што ја зафатија Словенија, објави словенечката новинска агенција СТА.

Еден Словенец е починат во областа Камник, а двајца Холанѓани во планините во областа Крање.

Околностите на смртта се уште се утврдуваат, соопшти полицијата.

„Се чини дека во Камник смртта е последица од поплави, а на планините од удар на гром. Околностите на смртта се уште се утврдуваат“, изјави Маја Адлешич Циперле од полицијата.