Општините воведоа нови мерки за подобрување на квалитетот на живот
Во изминатите четири години, локалната власт во повеќе општини реализираше проекти насочени кон интересите на граѓаните. Градоначалниците активно ги слушаа потребите на жителите и ги користеа сите можности кои се отворија, особено по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ.
„За четири години локална власт градоначалниците покажаа како може да се работи транспарентно и чесно во интерес на граѓаните. Секој ги слушаше граѓаните на својата општина и согласно можностите што ги имаа и што се отвораа особено по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ ги реализираше проектите, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Градско е една од општините кои меѓу другото стави акцент на младите.
-Општината воведе неколку нови многу важни мерки како бесплатна градинка за децата коишто се згрижени во детската градинка, потоа воведен е бесплатен оброк за сите деца од прво до петто одделение. За новороденче пак еднократната помош е 10.000 денари. Со јасна визија за општината, со одговорна и транспарентна работа во корист на сите жители секојдневно се подобрува квалитетот на живот. Работата на градоначалниците во изминатите четири години покажува дека Македонија од ден на ден се трансформира, велат од ВМРО-ДПМНЕ.“