Најмногу снег утринава има на Попова Шапка, каде се измерени 25 сантиметри, а потоа во Маврови Анови – пет сантиметри.
Најстудено утрово било во Скопје-Петровец, Тетово, Берово и Куманово со измерени минус три степени Целзиусови и во Штип и Струмица со измерени минус два степени. Најтопло било на Попова Шапка, каде се измерени пет степени Целзиусови.
Во текот на ноќта времето беше претежно ведро, а утрово по котлините вдолж Повардарието има појава магла, најмногу во источниот дел од Скопската котлина со намалена видливост до 200 метри. Дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец, а во северозападните планински подрачја умерен до засилен ветер од западен правец.
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне од 9 до 17 степени.
Во Скопје претпладне со појава на магла, а во текот на денот претежно сончево со слаб јужен ветер. Максималната температура ќе достигне 11 степени.