Управата за финансиска полиција, во соработка со Обвинителството, работи на нов случај на злоупотреби.
Дознаваме дека приведена е екс раководителката на финансии во Државна лотарија, како и уште едно лице.
Тие се сомничат за проневера на 80 милиони денари, уште од времето на работењето на екс директорот Перпарим Бајрами.
Акцијата е во тек, а повеќе податоци се очекуваат во текот на денот.
