Податоците од компанијата за мрежни услуги „Cloudflare“ покажуваат дека „TikTok“ е најпосетуваниот домен за тековната година, а трендот е за лидерство во последните месеци од годината – октомври, ноември и декември.
Другите најпопуларни домени се „Google“, „Facebook“, „Microsoft“, „Apple“, „Amazon“, „Netflix“, „YouTube“, „Twitter“ и „WhatsApp“.
Најпопуларните социјални мрежи се: „TikTok“, „Facebook“, „YouTube“, „Twitter“, „Instagram“, „Snapchat“, „Reddit“, „Pinterest“, „LinkedIn“ и „Quora“.
Потсетуваме дека во 2020-та година „TikTok“ беше рангиран само на седмото место меѓу најпопуларните домени во светот.
Социјалната мрежа првпат успеа да се искачи на врвот на 17-ти февруари, кога беше посетена од повеќе луѓе од „Google“, според „Cloudflare“.